Иако летната гардероба најчесто се темели на лесни материјали и пократки кроеви, фармерките и оваа сезона остануваат незаменлив дел од секојдневниот стил. Особено внимание привлекува новиот модел на Mother, кој со впечатлив детал веќе ги освои модните инфлуенсерки ширум социјалните мрежи.
Моделот е изработен од светол тексас со благо избледен ефект, има прав крој и малку понизок струк, а најголемата особеност се сините реси пришивени на долниот раб од ногавиците. Токму овој необичен детаљ им дава динамика и движење, а воедно совршено се вклопува во бохо естетиката, која е еден од најголемите модни трендови ова лето.

Ресите се покажаа како едноставен, но ефектен начин и наједноставната комбинација да добие впечатлив изглед. И покрај тоа што станува збор за „statement“ модел, фармерките ја задржуваат практичноста по која тексасот е препознатлив – удобни се, лесно се комбинираат и се погодни за различни пригоди.
За дневни и деловни комбинации, модните експерти препорачуваат да се носат со бохо блуза во пастелни тонови и балетанки. За вечерни излегувања, летни забави или вечери, одлично ќе изгледаат во комбинација со сатенски халтер-топ и сандали со висока потпетица.

Фармерките се достапни во големини од 23 до 34, а нивната цена изнесува 445 евра. Моделот може да се најде на официјалната веб-страница на брендот Mother.
Со својот необичен дизајн и лесната можност за комбинирање, многумина сметаат дека токму овие фармерки ќе бидат едно од најпрепознатливите модни парчиња на сезоната.






