Џенифер Лопез сподели ретки моменти со близнаците од патувањето низ Европа, но фотографиите предизвикаа поделени реакции

Џенифер Лопез ги изненади своите следбеници со ретки семејни фотографии од патувањето низ Италија заедно со своите близнаци Макс и Еме Муњиз. Сепак, покрај бројните пофалби за емотивните моменти, дел од јавноста упати критики поради тоа што тинејџерите поголемиот дел од времето биле фокусирани на мобилните телефони и слушалките.

На својот Инстаграм профил, светски познатата пејачка објави серија фотографии со опис: „Патувам со моите кокоси пред да заминат на факултет“, откривајќи дека ова е нивното последно големо заедничко патување пред децата да започнат ново животно поглавје.

За време на престојот во Италија, семејството посетило бројни знаменитости, меѓу кои Колосеумот во Рим, музеи и историски локалитети, а уживале и во романтична прошетка со гондола низ каналите на Венеција. Додека Џенифер пленеше со елегантни летни комбинации, Макс и Еме избраа опуштен спортски стил.

Но, токму фотографиите од Венеција предизвикаа реакции на социјалните мрежи. Дел од следбениците забележаа дека близнаците повеќе внимание посветувале на мобилните телефони отколку на знаменитостите околу нив.

„Толку е тажно… се возат со гондола низ Венеција, а гледаат во телефоните. Имам чувство дека како општество изгубивме нешто многу важно“, напиша една следбеничка.

Други, пак, реагираа поради тоа што тинејџерите речиси постојано носеле слушалки.

„Слушалки во ушите цело време? Навистина тажно“, гласи еден од коментарите.

Патувањето претставува и прослава по повод нивното матурирање. Макс и Еме, кои Џенифер Лопез ги има од бракот со пејачот Марк Ентони, успешно го завршија средното образование во јуни.

Лопез неодамна откри дека двајцата аплицирале на пет универзитети и биле примени на сите, при што добиле и стипендии. Познато е дека Еме ќе студира театарска и сценска уметност на престижниот колеџ „Sarah Lawrence“, додека плановите на Макс засега не се објавени.

Иако е горда на нивниот успех, пејачката признава дека разделбата тешко ѝ паѓа. Во гостување во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ искрено призна дека само помислата на заминувањето на децата на факултет ја прави емотивна.

„Подобро да не зборуваме за тоа, ќе почнам да плачам“, изјави Џенифер Лопез, откривајќи колку ѝ е тешко што наскоро нејзините деца ќе започнат самостоен живот.

Scroll to Top