Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните.
Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата СТУ9 АРМ Четврт 3. Новиот паркинг зафаќа површина од 1.550 квадратни метри и ќе обезбеди дополнителни места за паркирање во овој дел од градот.
Проектот, реализиран преку вториот владин повик на Министерството за транспорт, опфаќа изградба на коловоз, атмосферска канализација, сообраќајно уредување и поставување осветлување.
Вкупната вредност на договорот изнесува 6.256.014,18 денари.
Од Општина Битола информираат дека паралелно се работи и на други локации во градот, со цел да се зголеми бројот на паркинг места и да се подобрат условите за секојдневно функционирање на граѓаните.






