Николоски: Градежништвото бележи историски најсилен квартал и станува клучен двигател на економскиот раст

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека се работи за исклучително висок раст кој не е феномен само за второто тромесечие оваа година, туку е континуитет уште од минатата година.

Николоски посочи дека како Влада, базата ја поставиле во 2024 година, ги поставиле проектите и од 2025 година гледаме силен раст во градежнитвото.

-Секој квартал е далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал, вкупно завршени работи се околу 242 милиони евра за само три месеци споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22 проценти. Навистина градежништвото станува основен двигател на економијата, нагласи Николоски.

Вицепремиерот најави реализација на уште проекти.

Scroll to Top