Изет Меџити реагираше на денешната одлука во Хаг во врска со поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК), оценувајќи ја како разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот албански народ.
Во објава на социјалните мрежи, Меџити порача дека ОВК водела, како што наведе, „чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство“.
„Славната историја на нашиот народ не може да биде отуѓена, ниту извалкана со одлуки што ѝ служат на неправдата наместо на вистината“, напиша Меџити.
Тој нагласи дека борбата за, како што ја нарече, вистинската приказна и за правда треба да продолжи сè до нејзината конечна победа.
„Борбата за вистината и за правдата заслужува и мора да продолжи до победа. Не за осудување на ОВК во наше име“, порача Меџити во објавата.






