Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир по повод ноемвриските празници

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави концерт на познатата албанска пејачка Рона Нишлиу, кој ќе се одржи во рамките на одбележувањето на ноемвриските празници.

Меџити остварил средба со Нишлиу, која престојувала во Скопје како дел од подготовките за претстојниот музички настан.

Концертот ќе биде организиран во рамките на културните активности на Општина Чаир и ќе претставува дел од програмата посветена на ноемвриските празници, албанската историја и култура.

„Средбите со уметници секогаш се инспиративни, но кога се дел од подготовките за настан посветен на ноемвриските празници, нашата историја и култура, тие добиваат уште поголемо значење. Со Рона Нишлиу се подготвуваме за една посебна вечер, исполнета со музика, култура и атмосферата што ноемвриските празници ја носат во Чаир“, изјави Меџити.

Точниот датум, локацијата и целосната програма на концертот ќе бидат дополнително објавени од Општина Чаир.

Scroll to Top