Општина Битола обединува 15 локални организации за нови можности за младите

Петнаесет локални организации утре ќе се соберат на едно место во Битола, каде што пред посетителите ќе ги претстават своите мисии, активности и можности за вклучување во заедницата.

Настанот „Битола се поврзува“ ќе им овозможи на младите подобро да се запознаат со работата на локалните организации, да откријат нови можности за волонтирање и активно учество, како и да го пронајдат своето место во заедницата.

„Од работа со млади, култура и образование, до заштита на животната средина и социјални иницијативи – ‘Битола се поврзува’ ви дава можност подобро да ги запознаете организациите што секојдневно придонесуваат за заедницата“, порачуваат организаторите.

Настанот го организираат Младинскиот центар Битола и Општина Битола, а ќе се одржи утре, 26 септември, во Офицерскиот дом, од 11:00 до 18:30 часот.

Scroll to Top