Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија.
На средбата, министерката му се заблагодари на Лосон за неговата посветеност и придонес во продлабочувањето на партнерските односи меѓу двете земји.
Димитриеска-Кочоска ја истакна досегашната соработка во областа на економијата, инвестициите и институционалниот развој, оценувајќи ја како особено значајна за унапредувањето на меѓусебните односи.
„Нашето Стратешко партнерство е цврста основа за продолжување на оваа соработка и во иднина, во интерес на економскиот напредок и граѓаните“, порача министерката.
На крајот од средбата, Димитриеска-Кочоска му посака успех на амбасадорот Лосон во неговиот понатамошен професионален ангажман.






