Изет Меџити го поздрави изборот на академичката Јустина Широка-Пула за претседателка на Косово, оценувајќи дека нејзиниот досегашен труд во економијата и науката ѝ дава посебна тежина на новата функција.
„Новата претседателка на Косово, академичката Јустина Широка-Пула, ја познаваме преку нејзиниот интелектуален придонес и книгите од областа на економијата. Таа е докажана интелектуалка, а нејзиниот избор е признание не само за институцијата претседател, туку и за целиот академски свет“, наведува Меџити.
Според него, изборот доаѓа во предизвикувачки период за Косово, во кој се важни силни институции и политичка стабилност. Тој се осврна и на судските процеси поврзани со поранешните лидери на ОВК.
Меџити го поздрави постигнатиот политички консензус, оценувајќи дека тој покажува зрелост и подготвеност за надминување на институционалниот застој. Му упати честитки и на премиерот Албин Курти за, како што рече, покажаната одговорност во овој момент.
„Косово има потреба од силни институции, стабилност и политичко единство. Честитки, Косово!“, порача Меџити.





