Милошоски за 23 Октомври: Македонија е идеал и завет што нè обврзува да ја градиме нејзината иднина

Антонио Милошоски упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со порака за почит кон револуционерното наследство и одговорност кон иднината на Македонија.

Во објавата на својот ФБ профил, Милошоски истакна дека Македонија сама по себе претставува идеал, а Внатрешната македонска револуционерна организација ја опиша како историски чувар на тие идеали.

Тој наведе дека со положување свежо цвеќе им била оддадена почит на основачите на Организацијата, кои ги нарече „непоколебливи идеалисти“, посветени на сонот за слободна и самостојна Македонија.

Според Милошоски, нивното дело остава завет што ги обврзува денешните генерации да го зачуваат сеќавањето, да ги почитуваат жртвите и одговорно да придонесуваат за иднината на државата.

„Почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и верба во иднината. Да живее Македонија!“, порача Милошоски во празничната објава.

Scroll to Top