Во основното училиште „Никола Карев“ во Пробиштип се санира дел од покривната конструкција што беше оштетен при невремето во текот на летото, информира градоначалникот Тони Тоневски.
Градежните работи се насочени кон санирање на оштетувањата на училишниот објект, со цел да се обезбедат побезбедни услови за одржување на наставата и престој на учениците и наставниот кадар.
Во подготовката на потребната техничка документација помогнала Општина Пробиштип, додека училиштето ги обезбедило средствата за градежните работи од сопствениот буџет.
Градоначалникот Тоневски посочи дека грижата за училишната инфраструктура и безбедноста на учениците и вработените останува меѓу приоритетите на општината.
Санацијата на покривот треба да придонесе за заштита на училишниот објект и за посоодветни услови за работа и настава.






