Милош Биковиќ и Сара Џесика Паркер заедно во Белград

Актерот Милош Биковиќ ќе ја ангажира Сара Џесика Паркер да снима анимирани филмови во Белград. Славната актерка ќе ја посети Србија за неколку месеци, каде што треба да потпише договор, кој веќе го потпиша Џони Дип.  Сара Џесика треба да дојде кон крајот на летото.  Нејзината улога во новиот проект што ќе се снима во Србија се чува во најстрога тајност.

Засега италијанската продуцентска компанија „Jervolino entertejnment”, чиј сопственик е пријател на Биковиќ, кој ќе биде вклучен во овој бизнис, најави дека ќе снимаат седум проекти во Србија и во секоја од нив ќе учествува една холивудска ѕвезда.

Во план е да се гради и студио, а почетокот на снимањето да биде за година и пол.  Биковиќ во интервју открил дека пандемијата влијаела на одлуката, оти  неговиот пријател останал во Белград, не можел да се врати во Италија, па затоа го искористил престојот  за да ги забрза инвестициите.

 

Scroll to Top