15 годишниот Роко Блажевиќ од Сплит, победи во српското талент шоу „Пинкови ѕвездички“, освојувајќи најголем број на гласови од публиката.
Роко уште во ноември го воодушеви жирито, а еден од најпопуларните српски таленти во шоуто успеа дури и да ги расплаче судиите со својата изведба. Во финалето настапија седум кандидати, а по првиот круг на гласови од Роко во натпреварувањето останаа Јована Радониќ и Комнен Вуковиќ.
Роко во финалето ја запеа „Nocturno“ од Оливер Драгојевиќ, и „Od milijun žena“ на Тони Цетински, „Feeling Good“ од Мајкл Бублеа, и “Je suis malade” од Лара Фабијан, а во еден момент дури и заплака.
„Не знам што да речам, во шок сум“, изјави по шоуто видно возбудениот Роко за Пинк.