15 годишниот Роко победник на српското талент шоу

15 годишниот Роко Блажевиќ од Сплит, победи во српското талент шоу „Пинкови ѕвездички“, освојувајќи најголем број на гласови од публиката.

Роко уште во ноември го воодушеви жирито, а еден од најпопуларните српски таленти во шоуто успеа дури и да ги расплаче судиите со својата изведба. Во финалето настапија седум кандидати, а по првиот круг на гласови од Роко во натпреварувањето останаа Јована Радониќ и Комнен Вуковиќ.

Роко во финалето ја запеа „Nocturno“ од Оливер Драгојевиќ, и „Od milijun žena“ на Тони Цетински, „Feeling Good“ од Мајкл Бублеа, и “Je suis malade” од Лара Фабијан, а во еден момент дури и заплака.

„Не знам што да речам, во шок сум“, изјави по шоуто видно возбудениот Роко за Пинк.