Даворка се откажа од сè само за да го спаси семејството: Љубовната приказна на Златко Далиќ

Фудбалскиот селектор Златко Далиќ (56) со кого Хрватска поворно освои медал, често кажува дека најважното нешто во животот му е семејството и никогаш не криел дека сопругата Даворка е заслужна да го одржува семејството заедно. Заедно се 30 години. 

Златко ја запознал својата Даворка (моминско презиме Пропадало) во средно школо во неговото родно Ливно, а бидејќи веќе играл за Хајдук, се гледале само кога тој ќе успеел да добие слободни денови. Па како вели ја одржувале љубовта по телефон. 

Кога Даворка се запишала на факултетот во Сплит, Златко потпишал договор за тогашниот Динамо Винковци (денешна Цибалија),  поради што беа разделени. Парот се сврши кога Даворка дипломираше на Еконмски факулет, а потоа се преселиле во Вараждин, каде Златко играл за Вартекс.

Половина година подоцна, во 1992 година, Златко и Даворка се венчаа, а селекторот на хрватската фудбалска репрезентација не крие дека имале тешки моменти.

“Почнавме од нула. Бевме девојка и момче кои сакаа да направат нешто од животот. Сакавме да изградиме нешто заедно. Имаше подеми и падови, понекогаш бевме и пред ѕидот, но успевавме се да надминеме“, вели Златко за нивниот заеднички живот.

И додава : „Даворка работеше кратко, но потоа реши целосно да се посвети на семејството. Таа се грижи за сите нас. Не е лесно со тројца мажи во куќата. Таа се погрижи да тргнеме на вистинскиот пат. Таа со многу труд и енергија го спаси семејството“  – изјави Златко за Стори.хр

И покрај подемите и падовите, тие успеаја да го спасат бракот, а тренерот вели дека  Даворка има посебно место во семејството.

Двојката ги има синовите Тони (29) и Бруно (24), а Далиќ вели дека неговите деца се најмногу важно во светот. Синот на Далиќ, Тони е дипломиран дигитален маркетинг, а исто така е познат диџеј. „Тони е на мама, а Бруно е на мене. Тони е импулсивен борец за правда, додека Бруно е посмирен и поприсебен. Најважно е што тие се воспитани да бидат искрени и да ги почитуваат другит“, вели Далиќ. 

Фото: Стори.хр

 

.

 

 

 

Scroll to Top