Филип Живојиновиќ ќе снима мјузикл од милион евра – За Пријовиќ нема улога во филмот

Филип Живојиновиќ во соработка со режисерот Петар Пашиќ, наскоро ќе почне да го снима мјузиклот „Прекрасна година“. Најстариот син на Боба Живојиновиќ и сопруг на пејачката Александра Пријовиќ, изјави дека филмот ќе чини еден милион евра, а ќе изгледа како да е сниман во Холивуд.

„Петар и јас отворивме продукциска куќа, Miracle Year Media, која ќе снима долгометражни филмови и ТВ-серии. Работиме на мјузикл кој визуелно ќе личи на холивудски филмови, а ќе биде комбинација на ‘Хари Потер’ и ‘Мулен Руж’. Нашиот филм го освои првото место на јавниот натпревар за најдобро сценарио и најдобар филм со комерцијален потенцијал, па затоа добивме 200.000 евра од Филмскиот центар на Србија. Во преговори сме со партнери и спонзори, мора да најдеме уште финансиска помош, бидејќи овој проект ќе не чини еден милион евра. Ако оди добро во киносалите, планираме да направиме и серија“, рекол Филип и додал дека верува дека тоа ќе биде најуспешниот комерцијален филм досега.

„Тоа може да биде регионален блокбастер и еден од најамбициозните филмови снимени во Србија. Тимот е максимално посветен“.

Филип не открил кој ќе ги глуми главните улоги во мјузиклот, но според српските медиуми, машката улога веќе ја добил Иван Босиљчиќ, а една од улогите ќе ја игра и пинковата ѕвездичка Дарија Врачевиќ. Неофицијално, иако е мјузикл, Александра Пријовиќ нема да се појави во овој проект.

 

Филмот ќе почне да се снима во април, а премиерата се очекува за крајот на 2021 година.

Scroll to Top