„Јас мојата голгота ја поминав“, Цеца се потсети на деновите во затвор

Фолк ѕвездата  Цеца беше една од уапсените во акцијата „Сабја“, а на 17 март 2003 година. Таа беше осудена на затворска казна.

„ Мислев само на моите деца. Моите родители успеаја да ги чуваат моите деца од медиумите, за да не читаат разно разни лаги за својата мајка. Тие со години подоцна мислеа дека тие 121 ден поминати во затвор, дека сум била на турнеја во Америка“ изјави тогаш Цеца.

Сепак, лошите сеќавања за момент ги врати српскиот политичар Чедомир Јовановиќ , по убиството на српскиот премиер Зоран Џинѓиќ. Во тоа време тој беше потпретседател на владата, па медиумите пишуваа дека инсистирал фолк дивата да биде задржана во притворот и тоа во нехумани услови. Цеца ваквите наводи не сакаше да ги потврди, но истите никогаш ги нема ни демантирано.

Пред неколку години, Чедо Јовановиќ објави и фотографија од Цеца направена во затворот.

„Јас мојата голгота ја поминав. Ме уапсија и ме ставија во затвор подолго од било кој мафијаш. Оние кои тоа ми го направија мене и на моите деца совеста им е најголема казна, беше единственото нешто што Цеца го кажа за тие 121 ден што ги помина зад решетки поради обвинение дека е во контакт со земунскиот клан и затајување на данок во ФК „Обилиќ“ што го наследи од својот сопруг, Жељко Ражнатовиќ.“ изјави Цеца

Scroll to Top