Јована е ко бароница Кастели, простотилокот го покажа кога почна да вика „ајде бре“: Твитер не и прости на уредничката која избрка гостин среде емисија

Јована Јоксимовиќ, уредничк и водителка на емисија на ТВ „К1“, која по бурна расправија го исфрли гостинот од емисијата, оти тој зборуваше против Вучиќ, сега со денови  тема на Твитер. Многу реакции зардаи нејзина постапка кога влезе во конфликт со  Млаѓан Ѓорѓевиќ, лидер на Движењето за Ослободување, откако тој нарече Александар Вучиќ предавник.

 

„Јована Јоксимовиќ како бароницата Кастели, кога во третиот чин го покажува своето вистинско лице од калта, својот простотилак го покажува кога почнува да вика „ајде бре“. Што и да ти каже соговорникот, да му кажеш на гостинот – ќе леташ надвор, е последно нешто во српското новинарство“, пишуваат на Твитер.

За потсетувањ, Јована не дозволи споменување на претседателот на Србија со образложение дека Вучиќ не е во емисијата и дека тоа не е тема на разговор.

 

Ѓорѓевиќ и возврати па го спомна „Танјуг“, српската новинска агенција која формално беше „згасната“, а која му беше продадена на Жељко Јоксимовиќ. Пејачот сега е косопственик на „Танјуг“, а неговата сопруга Јована главна уредничка.

Споменувањето на „Танјуг“ целосно ја извади од такт Јована, па му кажа на Ѓорѓевиќ дека ќе го исфрли од студиото, што на крајот и се случи, а емисијата беше прекината со реклами.

(Видео) Јована Јоксимовиќ избрка гостин среде емисија оти го нападна Вучиќ: Срам да ви е, дајте реклами

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top