Предновогодишна забава со Бајага во Скопје

Момчило Бајагиќ – Бајага со неговиот бенд „Инструктори“ вчера пееше на приватна забава во Скопје. Тој настапи како изненадување за вработените и гостите на предновогодишната забава на позната македонска компанија. Пред него пееше Ѓоко Танески. Гостите велат дека српскиот пејач направил одлична журка, а Бајага ги пеел своите најголеми хитови, но и понови песни.

Бајага често доаѓа во Скопје. Освен што има концерти и повремено настапува во клубови, тој неколкупати изјавил дека во Македонија има пријатели кои ги посетува секогаш кога има слободно време.

Scroll to Top