Северина: Од песните на Оливер ги учев моите први зборови

По повод смртта на пејачот Оливер Драгојевиќ, се огласи неговата колешка Северина Којиќ.  Пејачката со порака на својот инстаграм-профил се прости од својот драг пријател.

„Ова е тешко, ова нема смисла, ова е претешко… Од неговите песни ги учев првите зборови. Оливер беше татко на сите Далматинци. Неговите песни влегоа во нас како мајчино млеко. Тој е во мојата ДНК, во твојата и во на сите нас. Фала ти папе. Те сакам папе. Плачам папе. Прости ми папе. Сите плачеме“, напишала пејачката под снимката од  еден од концертите на Оливер на кој ја изведува легендарната песна „Опрости ми папе“.

 

 

 

 

 

Scroll to Top