(Видео) Дино Раџа напиша песна од најубавите стихови на Балашевиќ во спомен на починатиот музичар

Легендарниот кошаркар Дино Раџа напиша песна од најубавите стихови на Ѓорѓе Балашевиќ и му ја посвети на починатиот музичар. „Луѓето како тебе никогаш не умираат“, вели кошаркарот и не крие дека Балашевиќ отсекогаш му бил омилен пејач. Со многу емоции, расплакан, Раџа ја рецитира песната што му ја посвети на панонскиот морнар, а видеото го објави на интернет.

„Е мој морнару, без брод, денес те следат солзите на луѓето. О, мојот поету, поголем од морето, рано е – можеше повеќе. Но, кога се мора – се мора. Запомни, сметаме на тебе, сметај и ти на нас“, вели Раџа.

Неговата објава предизвика позитивни реакции, а видеото масовно се споделува на социјалните мрежи.

Scroll to Top