Откако вчера играа во финалето на Европското првенство во ракомет и го освоија среброто, хрватските играчи се вратија во Загреб. Од аеродром, тие веднаш отидоа во македонскиот ресторан „Свети Никола“ за да го прослават второто место. Прославата почнала по полноќ, а се славело до раните утрински часови. Ракометарите пееле, играле, се забавувале со староградска музика. Пробале и традиционални македонски јадења, велат од ресторанот.
„Им честитаме на нашите каубојци на сребрената медала со златен сјај. Чест ни е што ве нагостивме“, напишаа тие.
Слики и видеа од прославата на среброто објавија и хрватските медиуми. „Ни ги искинаа нервите. Момците можеби не се златни, но знаат како се прави фешта. Ако е за утеха, во тоа се најдобри“, пишуваат тие.