Во сеќавање на својот починат пријател, актерот Небојша Глоговац, познатиот музичар, актер, режисер и сценарист Никола Пејаковиќ вчера го објави видеото за песната “Премногу”. Песната е напишна за албумот “Гробовласници„ (2013). Спотот е во режија на Патар Пашиќ, сниман во пролетта 2017 година во хотелот “Бристол” во Белград. Поради околностите, видеото “Премногу” остана необјавено се до вчера, на денот на годишнината од смртта на актерот.
„ Небојша не ска патетики, ама и тој беше човек со емоции и би ни простил ако кажеме дека го сакаме и дека уживавме во денот кога дојде да не посети, со сета негпова енергија и љубов. Сеќавајќи се на тој ден и снимањето на видеото, решивме да го ставиме тоа во спотот за песната “Премногу”. Денес пак, ја гледаме неговата неговата насмебвка“, рече Пејаковиќ.