Синот на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Вељко, објави видео на кое таа вежба во својот дом. Без шминка, со врзана коса, Цеца ги прави вежбите со својата фитнес-инструкторка, а Вељко ја бодри.
„Ајде така, така. Можеш! Браво, мамо!“, вели тој.
Видеото е хит на интернет, па се споделува и на социјалните мрежи. Твитерџиите се шегуваат дека ни на Цеца не ѝ е лесно, а за топ-тело мора да се испоти и помачи.