Зорица Брунцлик ќе стане баба

Фолк-пејачката Зорица Брунцлик на пролет ќе стане баба. Нејзината ќерка Злата Аранѓелковиќ е бремена со своето прво дете. Злата е во врска со Милош Вујановиќ, кој пееше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Веста за српски „Курир“ ја потврдил и Кемиш, сопругот на Зорица.

„Точно е, како дознавте? Што да ви кажам освен тоа дека јас и Зорица бевме пресреќни кога дознавме. Следната година ќе станеме баба и дедо и многу се радуваме. Само нека се здрави и живи“, рекол тој за српскиот портал.

Според порталот, Зорица и Кемиш се спремаат и за свадба бидејќи Злата и Милош сакаат да се венчаат пред да се роди бебето.

Злата и Милош
Scroll to Top