26 години по смртта на Тома Здравковиќ: Ме нарекуваа пијаница

By

Иконата на југословенската музика, Тома Здравковиќ, почина на 30 септември 1991 година. На 26-годишнината од неговата смрт публиката се потсети на песните што овој боем ги остави зад себе.

dobivaj vesti na viber

Кариерата ја започнал во Лесковац на 15-годишна возраст кога ја запознал пејачката Силвана Арменулиќ, која го одвела во кафеаната „Радан“ каде што настапувала со својот оркестар. Таму научил да пее народни, забавни и староградски песни, француски шансони и италијански канцони.

На еден од своите настапи ја запознал сопругата Олгица, која му родила ќерка. Бракот траел кратко и се развеле по неколку години.

Инспирацијата за песните ја црпел од секојдневието што го гледал во кафеаните во кои пеел. Првата плоча ја снимил 1963 година. Многу години потоа, сеќавајќи се на почетоците, во едно интервју изјавил:

„Луѓето знаеја што сè работев и низ што сè поминав. Почнаа да се идентификуваат со мене и со моите приказни. Имаше и такви што веруваа дека сум будала и пијаница. Во суштина тоа беше само дел од мојот карактер. Можев да пеам за многу луѓе, можев да пеам за тројца. Парите не ми беа важни. Само музиката можеше целосно да ме исполни. Од неа живеам – за неа живеам“.

Врвот на кариерата го доживеа со објавувањето на албумот „Кафана је моја судбина“, објавен во 1991 година. Почина од рак на простатата по 17-годишна борба со болеста. Неговите песни и денес се сметаат за евергрин на просторот на цела поранешна Југославија.

Ќе ви се допадне