Српската пејачка Рада Манојловиќ го промовираше спотот за својата последна песна „Лавије крзно“. Песната ја сними со младиот пејач Леон, кој кај нас стана познат по дуетот со Северина и со учеството во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“.
Спотот изобилува со секси сцени. Фановите на Рада оставија бројни коментари дека пејачката изгледа совршено во секоја сцена, ама дека е најсексапилна во сцените каде што носи црвена полутанга.