(Фото) Едита го оперира носот

Едита Арадиновиќ, која беше дел од групата „Министарке“, не крие во јавноста дека извршила интервенција на носот и вели дека тоа е нешто што отсекогаш го посакувала.Пејачката, која исчезна од сцената неколку месеци, имала три операции, од кои една од естетска природа.Едита направила корекција на носот, а како што вели, тоа ѝ била дамнешна желба, но оваа интервенција морала да ја направи и поради здравствени причини.

„Носот сакав да го оперирам многу одамна, но исто така не сакав тоа да го кријам, ниту да биде некаква табу-тема. Тоа одамна не е табу-тема, имав сериозен проблем поради кој го изгубив и гласот и не можев да пеам, ниту да работам. Беше неопходно да направам опарација. Ниту нешто го намалив ниту претерав со зголемувањето“, признала Едита.

 

 

Scroll to Top