Синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, Александар, на 6 март ќе го прослави првиот роденден. За роденденот на внукот на Брена и Боба се спрема гламурозна забава која ќе чини околу 70.000 евра, пишуваат српските медиуми.
„Брена сака нејзиниот внук да го добие само најдоброто. Александра и Филип не штедат пари, сакаат сè да биде гламурозно и со вкус. Крштевката ја планираат за на 11 март, а потоа ќе има и голема роденденска забава во еден познат белградски хотел,“ раскажал за медиумите извор близок до семејството.
На забавата ќе присуствуваат околу 150 гости, а меѓу нив ќе бидат и голем број на колеги на Пријовиќ.
„Познавајќи ги, сигурна сум дека ќе запеат и гостите, ама и Александра и Брена“, рекла таа за „Пинк.рс“.
Претходно, на 6 март, ќе направат мала прослава само за семејството.