Адил проговори за насилството меѓу Лука и Наташа

Адил Максутовиќ јавно проговори за скандалот што изби со пејачката Наташа Беквалац, која била претепана од нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ.

Еден од најдобрите српски пејачи, Адил Максутовиќ, пред неколку години се најде во идентична ситуација како и сега Лука.

Популарниот фолкер бил осомничен дека по семејната расправија ја претепал неговата сопруга. На крајот сите обвиненија против Адил биле повлечени. Адил, чие име и лик денес повремено се појавуваат во серијали за познатите кои вршеле насилство врз жени, се осврна на случајот со Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ.

Иако многумина би помислиле дека Максутовиќ, поради инцидентот што го имал со сопругата, веднаш ќе застане на страна на обвинетиот маж, неговиот коментар изненадил многумина.

„Јас сум романтичар, никогаш не сум кренал рака врз жена. Дали станува збор за сопруга, мајка, отсекогаш сум имал заштитнички став кон жените. Но кога ја видов Наташа со исеченица на лицето, знаев сигурно дека нешто се случило. Не сакам да осудувам никого. Не сакам да коментирам за тоа до колкав степен се повредите, како се направени, дали ја удирал со шише или се работи за антицелулит масажа, но постојат материјални докази дека нешто се случило. Ако тој човек направил нешто лошо, треба да одговара. Ако ѝ удрил шлаканица, мора да одговара. Но, не треба предвреме да судиме. Мислам дека целото општество е болно, што предизвикува да сме заслепени од насилството што се случува околу нас“, вели Адил.

Видеото погледнете го на следниот линк:

 

Scroll to Top