Адријана Лима, Бјелогрлиќ и Јоксимовиќ на трибините во Катар навиваа за Србија

Репрезентацијата на Србија вчера го имаше првиот настап на Светското првенство во фудбал на Катар 2022 година, против Бразил. Фудбалерите добија поддршка од голем број јавни личности од Србија кои дојдоа во Катар да навиваат.

Помеѓу познатите беше Анастасија Ражнатовиќ, која во дресот на Србија и капче позираше за поддршка. Инаку во репрезентацијата на Србија игра и нејзиниот дечко Немања Гудељ.

Поддршка Србија имаше и српскиот режисер и неговиот син, Драган и Алексеј Бјелогрлиќ.

Од естрадата во пар во Катар беа и Жељко и Јована Јоксимовиќ.

А помеѓу навивачите беше и Адријана Лима, поранешната сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ,  заедно со нејизните деца.

Scroll to Top