Аки Рахимовски стана татко на 64 години

Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, на 64 години стана татко. Тој и 37-годишната Барбара Весел од Словенија, добиле ќерка, која ќе се вика Антонија. Девојчето е родено пред три месеци, а веста ја потврдила мајката на Барбара. Двојката својата врска досега ја држеше далеку од јавноста, а поголемиот дел од времето го поминуваат заедно во Словенија.

За приватниот живот на Аки малку се знае. Двапати се венчал, а од првиот брак го има синот Кристијан, исто така музичар. Вториот брак, со Ингрид, траел 14 години. Со неа ја има ќерката Дина. Со Ингрид Аки скоро никогаш не се појавувал во јавност, па малкумина знаат како изгледа таа.

„Приватниот живот треба да остане приватен. Мојата сопруга не бара да се експонира покрај мене и навистина, секогаш кога се појавуваме на некој настан, фотографите знаат дека таа не сака да се фотографира, и не нè фотографираат нас. Често се случува во медиумите да излезе фотографија од мене со друга жена, а таа вели: ‘Од кога станав русокоса?’ Парите не се важни. Најважно е семејството“, рекол Аки во 2017 година за српски „Блиц“.

Инаку, пејачот пред скоро две години имаше мозочен удар. Откако се опорави, продолжи да настапува со својот бенд и да одржува концерти.

Scroll to Top