Аки Ракимовски е сериозно болен

Пејачот на групата „Парни ваљак“, Аки Ракимовски, минатиот месец имаше мозочен удар. Лекарите го пуштија на домашно лекување, а во моментов тој заздравува во бања.

„Ситуацијата е сериозна. Засега се држам. Лекарите ми препорачуваат терапија од која не смеам да отстапувам. Верувам дека ќе заздравам. Ми претстои долг период на оздравување, а наскоро треба да правам и колоскопија и уште неколку испитувања“, рекол Аки за хрватскиот магазин „Стори“.

Тој додал дека концертите се одложени на неодредено време и дека во моментов воопшто не размислува да ѝ се врати на музиката. Лекарите, пак, му препорачале да ги остави цигарите и кафето.

„Здравјето ми е најважно. А штом закрепнам, ќе продолжам да пеам“, рекол Аки.

Scroll to Top