Српската пејачка Јелена Карлеуша вели дека ако српските власти ја уценат неа, да мора да ги вакцинира нејзините ќерки со вакцината против коронавирусот, таа ќе замине со нив во Кина, каде живее и игра фудбал, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
Како што пишуваат српските медиуми, пејачката сериозно размислува да се пресели во Кина со ќерките, ако властите во Србија уведат задолжителна вакцинација на деца постари од три години против Ковид 19.
Карлеуша со години е цврст заговорник против задолжителната ММР вакцинација, поради што дури беше и на мета на српското Министерство за здравство. Карлеуша заврши и на суд во 2018 година, заради ширење на паника, откако ја пријавија 270 родитли.
Таа и понатаму има цврст став дека секој родител треба да има право на сопствен избор дали сака да ги вакцинира децата или не.
Таа објасни дека со помладата ќерка минала низ страшни проблеми поради ММР вакцианта и јавно го повикала Министерството за здравство да изнесе докази дека вакцината е безбедна.
„Душко се обидува да ја смири и да не паничи, иако и тој е загрижен за ќерките. Во јавноста се шират шпекулации дека децата и постарите ќе мора да се вакцинираат, но тој искрено се надева дека тој предлог сега засега само се разгледува“, открива извор близок до Карлеуша.
„Карлеуша не е загрижена поради кариерата. Таа сегкоаш може да работи и снима, без разлика на тоа каде се наоѓа. Технологијата напредуваше и сега таа може да настапува низ Европа, Америка. Тоа не е проблем. И да направи пауза, Душко има толку пари, што таа не мора да работи до крајот на својот живот. Таа не мора да се грижи за себе, но размислува за нејзините деца. Таа не сака децата да и бидат изложени на стресови, нагли промени и да ги одвојува од средината во која се израснати и каде живеат нивните пријатели“, вели изворот.
Тој вели дека Карлеуша е подготвена да направи сè за нејзините ќерки, па макар тоа било и лежење во затвор.
„Таа е грижлива и пожртвувана мајка и не се плаши да застане сама против сите ако е потребно. Од друга страна, таа не е неразумна жена. Карлеуша е исклучително паметна и упатена и ако се докаже дека вакцината против коронавирусот е безбедна, можеби и ќе го промени ставот. На крајот и таа, како и сите други сакаат нејзините деца да бидат живи и здрави, но генерално и смета наметнувањето и условувањето“, вели изворот.
Карлеуша пред две години кога беше тужена пред судот, инсистираше на слобода на избор.
„Јас сум некој кој ги вакцинираше и двете ќерки. Едната има големи проблеми по вакцинирањето со ММР вакцината и мене може да ме обвини некој за кривично дело, само родител кој немал никакви проблеми. Јас како родител кој имал големи проблеми, апелирам на здрав разум. Да се има право на избор како во сите западноевропски земји. Вие имате право во името на своите деца да барате доказ дека вакцината не е штетна“, изјави тогаш Карлеуша.