„Ако пејач убие човек и за него ли ќе барате правда?“ – Ѓорѓе Давид лут на колегите коои сакаат да се ослободи Раста

By

Откако раперот Стефан Ѓуриќ – Раста беше уапсен со марихуана и обвинет за продавање наркотици, многу музичари му дадоа јавна поддршка со пораката „Правда за Раста“. Некои од нив бараат тој да биде пуштен на слобода. Но, со нив не се сложува рокерот Ѓорѓе Давид, кој вели дека секој што го прекршил законот треба да одговара за своето дело и да биде соодветно казнет.

„Кога ќе те фатат, тогаш одговараш. Многу просто и едноставно. Секој треба да одговара за своите постапки, без разлика дали е сообраќаен прекршок, тепачка, дрога, возење под дејство на алкохол. Ако утре некој колега ја претепа сопругата или некој музичар убие човек, дали и тогаш ќе бараат правда за него, само затоа што е јавна личност“, рече членот на жирито на „Гранд“ за српски „Телеграф“.

Тој додаде и дека е за легализација на марихуаната, но само за медицински потреби.

„Додека не се легализира, секој што е фатен со марихуана треба да одговара. Раста не е исклиучок, особено што е идол на младите. Па, зарем треба да гледаат таков пример од него?“, додаде Давид.

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV anime tv shows list: DARLING in the FRANXX (Dub) (https://animetv.cc/m/eWRw) Episode 24

AniWatch watch animes: Attack on Titan Season 3 Episode 12