Актерот Милан Васиќ повреден во сообраќајка

Српскиот актер Милан Васиќ е повреден во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Шид, во близина на хотелот „Ин“ на Нов Белград. Во незгодата учестувале шест возила кои се престигнувале. Освен 38-годишниот актер, повредени се уште три лица.

Повредените се пренесени на Воено-медицинската академија во Белград, но засега не се познати детали за нивната состојба.

Scroll to Top