Младата пејачка со албанско потекло Дуа Липа (22), чии родители се од Косово, објавила на својот инстаграм-профил фотографија со која ја честиташе 10-годишнината од самопрогласувањето и нелегалната независност на Косово.
Липа, која е родена во Лондон, под контроверзната фотографија напишала:
„Косово, среќен 10. роденден. Се надевам дека уште многу годишнини ќе поминеме заедно. Ви посакувам најубави денови во текот на оваа прекрасна прослава. Горда сум што сум Албанка, ве сакам сите“.