Српскиот фолк-пејач Александар Илиќ повеќе од триесет години е во брак со пејачката Билјана Јевтиќ, со која го има синот Иван. Во текот на годините и настапите во светот тој сретнал многу жени, но ниедна од нив не успеала да го натера да ја изневери сопругата.
„Како и на секој маж, ми се случувало да си помислам ‘колку убава жена, би било убаво да е моја’, ама веднаш потоа сфаќав дека тоа што го имам со сопругата е многу вредно и дека ниедна жена не е вредна за да го уништам својот брак“, изјави пејачот во едно скорешно интервју.