Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ полека ги привршуваат подготовките кон крај за гала свадбата која е следната недела.
Двајцата водат сметка за секој детал, а неодамна како што се дознава од близок извор од нивното опкружување, потпишан е и предбрачен договор. Ниту од нив не се занимава со материјалната состојба пред бракот.
„Сепак и двајцата се имаат договорено дека е подобро да потпишат предбачен договор. Не ништо чудно и необично, тоа е нормална работа кај повеќето парови во свет“, вели изворот.
Во договорот е наведен недвижниот имот на сопружниците, кој во случај на развод нема да можат да го делат. Тоа значи дека се што ќе внесат во бракот, доколку дојде до развод, останува нивно. Филип нема да има право на нејзиниот стан. Исто така автомобилот кој го добила на подарок од Филип останува за Александра”, вели изворот и додава дека заедничкиот имот, како што во законот е одредено го делат на половина.
Се што ќе стекнат за време на брак рамноправно ќе го делат. Со тоа што секој од нив има право да се одрече од својот дел во корист на другата страна. Инаку, во рамките на предбрачниот договор стои посебна ставка по која двајцата имаат апсолутно право користење на движен и недвижен имот на сопружниците за време на траење на бракот”.
Исто така во договорот стои ставка која се однесува на подароците. Се она што Александра и Филип ќе добијат, во што спага и недвижности, како и пари, не мораат да го поделат со партнерот. Исто така со клаузула се обврзани секој приход од моментот кога ќе стапат во брак транспарентно ќе му го прикажат на партнерот, кој има право да располага со нив. Никој од нив не инсистирал на предбрачен договор, туку преку разговор се одлучиле да го потпишат.