Александра и Филип од гостите добија 500.000 евра

Фолк-пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ добија околу пола милион евра од гостите на свадбата. Според српските медиуми, повеќето гости носеле пари, а некои пејачи дале и по 2000 евра. Во пликовите во просек имало меѓу 100 и 500 евра, па српски „Ало“, повикувајќи се на извор близок на двојката, пишува дека младенците собрале околу 500 илјади евра кеш.

Освен пари, младенците добиле подароци од скапи светски брендови, а другарите на Филип им купиле фиќо-кабриолет.

Scroll to Top