Пејачката Александра Пријовиќ минатата ноќ го одржа последниот настап пред да замине на трудничко боледување. Пејачката на концерт во Швајцарија се појави во сребрен фустан, а на својата публика ѝ приреди вечер за паметење.
Пријовиќ на кратко се повлече од сцената поради бременоста, а кога ќе се породи, повторно ќе се врати на работа.
Александра се огласила и на својот инстаграм-профил каде ги известила сите фанови дека се откажани сите настапи за оваа година поради тоа што заминува на трудничко боледување.
„Драги мои, ве известувам сите дека по советот од лекар, за жал, морам да ги откажам сите наредни настапи за оваа година и покрај тоа што имав желба уште малку да се дружиме. Се извинувам и се надевам дека ќе ме разберете. Се гледаме наскоро, а јас во меѓувреме ви подготвувам нешто сосема ново. Ве сака Александра“, им порача пејачката на своите фанови.