Александра Пријовиќ можела да зарази 450 луѓе со коронавирус

Пејачката Александра Пријовиќ во средата настапила пред 450 луѓе, иако не добила целосна потврда од лекарите дека не е заразена со коронавирус.

Српските медиуми пренесуваат дека таа го загрозила здравјето на сите 450 лица кои присуствувале на нејзиниот настап на еден сплав во Белград.

Таа како и многу други јавни личности, пред седум дена беше на прославата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, кога Вељко стана татко и го доби синот Жељко.

Откако беше потврдено дека Цеца и Жељко се позитивни на коронавирусот, сите кои присуствуваа на таа забава, направија тест на коронавирусот. Пријвоиќ вели дека го направила тестот по забавата и дека истиот ден ги добила резултатите.

„Отидов на тестирање и се покажа дека немам корона. Денес беше седми ден по прославата, немам никакви симптоми и ништо не чувствувам. Но, отидов да се проверам поради другите луѓе со кои бев во контакт“, изјавила Пријовиќ на медиумите, непосредно по нејзиниот настап.

На прашањето на новинарите дали направила PCR тест, со кој прецизно се одредува дали личноста моментално е заразена со коронавирус, таа дала потврден одговор.

„Направив таков тест и ги чекам резултатите. Лекарите ми рекоа дека ако направам тест на антитела, а немам никакви симптоми, тогаш нема потреба да направам PCR тест. Но, јас сепак го направив. Не сум уплашена, но не ми е сеедно“, изјавила пејачката.

Експертите велат дека тестот за кој Пријовиќ ги чекала резулатите го направиле претходно и Вељко и Цеца Ражнатовиќ и на истиот таков се покажало дека се позитивни на коронавирусот, иако и двајцата на претходните тестови биле негативни.

Оттука тие велат дека Пријовиќ иако била негативна на првиот тест, ги ставила во ризик сите 140 луѓе кои присуствувале на нејзиниот настап.

 

 

 

Scroll to Top