Александра Пријовиќ му купи подарок од 25.000 евра на сопругот за роденден

Фолк-пејачката Александра Пријовиќ му купила часовник „ролекс“ од 25.000 евра на сопругот за роденден, пишува ало.рс. Според порталот, Филип Живојиновиќ обожава часовници, па Александра решила да му купи нов, скап часовник за неговата колекција.

„Бидејќи Филип е едноставно момче и за своите родендени не прави големи прослави, Александра се труди скромната и интимна прослава да ја збогати со подароци што ќе го воодушеват. Иако не сакаше да му купи часовник бидејќи тоа му подари за годишнината од бракот, сфати дека часовниците се единствено нешто што го радува“, рекол за порталот близок пријател на двојката.

Тој раскажал и дека Филип бил многу изненаден кога го видел подарокот.

„Таа му купи часовник од најновата колекција и плати 25.000 евра. Мислам дека Филип беше во шок кога дозна дека часовникот чини вистинско богатство. Неколку недели пред роденденот, тој ја предупреди Александра ништо да не му купува и да не ги троши парите кои ги заштеди. Секако, таа не го послуша“, рекол соговорникот на Ало.

Scroll to Top