Александра Пријовиќ не сака да живее во вилата на Брена и Бобан

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиното момче Филип Живоиновиќ се скарале, пишуваат српските медиуми. Се зборува дека Филип подогло време ја убедува пејачката да го продаде својот стан во Белград и да се пресели во вилата на семејството Живоиновиќ на Бежаниска коса, но, таа не сакала да прифати.

Некои медиумите пишуваат дека ова може да е и крај на нивната љубовна врска.

Пријовиќ се пожалила на пријателите дека синот на Боба инсистрира на селидба иако го знае нејзиниот став за тоа.

„На Александра и  е мака од шпекулациите дека живее на сметка на Брена, а општопознато е дека е една од најплатените пејачки на Гранд и дека има многу работа. Кога би се вселила во вилата не би успеала да се испере од разните приказни. Таа е добродојдена во таа куќа и често е таму, но одамна на Филип му даде до знаење дека не сака да се иссели од својот стан„, раскажувале нивните блиски.

Scroll to Top