Александра Пријовиќ е бремена, дознава српски Телеграф.
Најголемата регионална фолк ѕвезда го очекува своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ, пишуваат тие.
„Вистина е, трудна сум. Ви благодарам на честитките“, изјавила кратко таа за српски Блиц.
Со концерт во белградска арена на 22 декември, таа ја заврши турнејата и реши на одредено време целосно да се повлече од сцената.
Таа го одржа својот последен настап на Златибор на новогодишната ноќ.
Александра и Филип го добија синот Александар пред шест години, на 6 март 2019 година.