Ален Исламовиќ денес одгледува лешници

Поранешниот пејач на „Бијело дугме“ Ален Исламовиќ кон крајот на 2016 година почнал да одгледува лешници. Тој првите лешници ги засадил во Бихаќ, а сега има  има 1500 садници на 2,3 хектари.

„Лешникот е многу интересно дрво и научно е докажано дека раѓа од 80 до 100 години, значи со оваа плантажа ќе може да се занимава мојот внук и правнуци. Јас доста прочитав за лешниците, посетив и некои плантажи во Македонија, Србија“, рекол тој во едно скорешно интервју и додал дека во Бихаќ има идеални услови за одгледување лешници.

Тој рекол дека сака да го прошири својот бизнис и дека сака да направи еколешник кој би се пакувал и извезувал на пазарот на Европската Унија.

„Имам контакти со Шведска, Данска и Норвешка, која е желна за лешници, немаат ни за јадење, а не за производство“, рекол тој.

Поголеми приноси очекува за околу 5 години.

Scroll to Top