Ален Исламовиќ и Тифа се степаа на пречекот на Нова година

Според црногорските медиуми, Ален Исламовиќ и Младен Воичиќ – Тифа се степале веднаш по новогодишниот концерт на „Бијело дугме“ во Будва. Тие најпрвин почнале вербално да се навредуваат за тоа кој е подобар пејач, а потоа и замавнале со тупаници.

По тепачката, Ален за медиумите присутни таму рекол дека е многу подобар пејач од Тифа и дека ни тој ни Бебек не може да им се доближи на неговите вокални способности.

Ова само ги потврди муабетите дека во бендот на Горан Бреговиќ одамна постои незадоволство.

Scroll to Top