Алка Вуица објави фотографија на Инстаграм, следеше исмејување: „Трепни ако те киднапирале“

Алка Вуица објави фотографија на Инстаграм со која најави нова сезона на емисијата во која ќе се појави како член на стручниот панел.

„Наскоро…“, напиша 63-годишната пејачка покрај фотографијата на која позира во студио за време на снимањето на емисијата. Нејзиниот изглед го привлече вниманието на следбениците, а имаше и интересни коментари.

„Алка, не личиш на себе“, „Алка, дали си ти тоа??? Леле, каква добра шминка“, „Алка, трепни ако те киднапирале“, „Кој е ова?“, „Сега личиш на Адријана Лима“, „Малку личи на Севе… бидете реални… жената не личи на себе“, „Фотошоп?“ и „Со или без филтер, преслатка засекогаш“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Scroll to Top