Алкесандра Пријовиќ за свадбата ја сака венчаницата на Лепа Брена

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе се венчаат на 21 јуни во Белград, а поканите за свадба се подготвуваат на големо.

Сите подготовки околу венчавката и прославата веќе почнаа, за да до јуни биде се подготвено и баш онакак како што и двајцата имаат замислено. Новинарите Александра ја сретнаа на првото снимање по веридбата која се случи на 14 февруари во Мајами, каде ја прашаа за венчаницата која планира да ја облече.

Кога ја прашаа дали тоа ќе биде венчаница со потпис на „Диор“ стара 27 години (постара и од неа), Александра се насмеа и меѓу редови стави до знаење дека тоа е многу извесно дека ќе се случи.

Споменатата венчаница и тоа како е посбена, а причината е поради тоа што и нејзината свекрва, Лепа Брена ја носеше за време на нејзината свадба, која ја нарекуваат уште и свадба на векот со Бобо Живојиновиќ.

 

Scroll to Top