Амир Казиќ – Лео: Чолиќ не може да ми биде татко

Пејачот Амир Казиќ-Лео (54) познат по песната „Крени“ која ја испеа во дует со Северина Којиќ во деведесетите години, вели дека Здравко Чолиќ не може да му биде татко. Многумина во шега велат дека тој е непризнат син на Чолиќ поради неверојатната сличност.

„Не разбирам зошто Чолиќ молчи. Да сум на негово место, ќе се прегрневме, ќе се сликавме и ќе ги замолчевме сите. Ќе снимевме дует за да им покажеме на сите дали навистина сме толку слични и вокални или не. Чолиќ од мене е постар од мене 14 години и не може да ми биде татко“, изјавил Амир.

Амир на шега пред новинарите им кажал дека ако продолжат гласините, ќе побара од пејачот алиментација за сите овие години.

Scroll to Top